9 јули, 2013

Нов видео запис и албум од Меник Стрит Причрс

Со штотуку објавениот видео запис за новиот сингл „Rewind The Film“, составот Меник Стрит Причрс (Manic Street Preachers) го најавуваат истоимениот единаесетти студиски албум кој ќе пристигне на 16-ти септември. На изданието делумно снимено и во познатотот берлинско студио Hans, гостуваат Луси Роуз и Кејт Л Бон, додека во најавната тема гостува пејачот и автор Ричард Хоули.

Новото издание ќе го наследи „Postcards From A Young Man“ од 2010 година, а во продолжение можете да го погледнете и спосокот на песни од најавеното издание.

  • This Sullen Welsh Heart
  • Show Me The Wonder
  • Rewind The Film
  • Builder Of Routines
  • 4 Lonely Roads
  • (I Miss The) Tokyo Skyline
  • Anthem For A Lost Cause
  • As Holy As The Soil (That Buries Your Skin)
  • 3 Ways To See Despair
  • Running Out Of Fantasy
  • Manorbier
  • 30 Year War

Извор: NME.com



Врати се горе ↑