24 октомври, 2012

Нов видео запис од „Ту челос“

Популарното хрватско дуо „Ту челос“, кое доживеа светска слава со нивната преработка на „Smooth Criminal“,  го сними најновиот видео запис за легендарната „Highway to Hell“ од „Еј-си-ди-си“, во соработка со виртуозот на гитара Стив Вај. Ова е првиот сингл кој го најавува нивниот втор албум насловен „IN2ITION“, кој ќе биде објавен во јануари следната година.

Дуото го придружува Елтон Џон на неговите турнеи, а истовремено е посветено на подготовките за новиот албум. Хаусер и Шулиќ изјавија дека иако најчесто обработуваат рок теми, сè уште свират и класична музика, а во иднина би сакале да направат концертна турнеја и со класична и со модерна музика. Покрај соработката со Стив Вај, на албумот ќе се најдат и соработки со Елтон Џон, Зукеро, Ланг Ланг, Скај Фереира и други музички артисти.

 

 

 



Врати се горе ↑