Аудио 1044488_544667955589398_871988725_n

23 декември, 2013

Нова соработка/нов звук од Сиги (Токсиколози) и „Аномалиа натива“‏

По соработката на Кацар и „Аномалиа натива“, уште еден член од групацијата „Токсиколози ги здружи силите со момците од скопското електро дуо. Станува збор за новата соработка и новиот звук кој го претставуваат Сиги и „Аномалиа натива, а темата насловена „Кај ќе тера…“ ја најавуваат како „песна на која не можете да останете рамнодушни!“ Басови, атмосфера на журка и приказна раскажана преку рецитирањето на Сиги, а продукцијата на „Аномалиа натива“ придонесува кон автентичноста на песната како музичко дело кое не може да се повтори ни во звук, ни во изведба. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑