Аудио tyzee

23 август, 2013

Нов сингл од Тајзи: Слушнете ја „Живеам за себе“

Ова лето Тајзи со својот хит „Регетон” го достигна врвот на нашите топ листи, а поставеното видео на ЈуТјуб за помалку од 3 месеци е прегледано преку 360.000 пати. По „Регетон“, Тајзи денес го промовира својот нов сингл кој е веќе поставен на неговиот официјален  канал на ЈуТјуб. Песната го носи насловот „Живеам за себе” и порачува секој да прави тоа што сака, без да се замара со мислењето на другите.

Тимот на Иноватива кој стои зад секој нов проект на Тајзи најавува уште една песна која ќе го потврди поинаквиот стил на нивниот артист од кого за некој месец очекуваме и соло албум. Позитивната порака е испишана од самиот Тајзи на музика на Марко Наумовски, а како звучи новата песна можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑