Аудио artworks-000054578343-hdq29c-t500x500

8 август, 2013

Нов сингл од Скитара: Слушнете ја „One Shot“

Скитара се враќа на музичката сцена, но овој пат и како диџеј на електронска музика. Веќе добро го знаеме како артист и музички продуцент, под чија палка се наоѓаат многубројни песни на македонски артисти. Електронската музика ќе продолжи да го претставува неговиот талент и на ова поле. „One shot” е неговиот нов Еlectro/Progressive House сингл кој од денес е веќе достапен за јавноста.

Скитара кој повеќе не е дел од Токсикологија мјузик, активно работи на своите нови проекти кои ќе го покажат во сосема ново и поинакво светло. Во продолжение слушнете ја „One Shot“.



Врати се горе ↑