28 септември, 2013

Нов сингл од Шер: Слушнете ја „I Hope You Find It“

67-годишната дива со најдолг стаж на светската музичка сцена, Шер деновиве го претстави своето дваесет и шесто студиско издание насловено „Closer To The Truth“, кое го најави со синглот „Woman’s World“, а сега пристигна и вториот сингл од ова издание. Интересно е тоа што темата насловена „I Hope You Find It“ е всушност преработка на песна која нејзината помлада колешка Мајли Сајрус ја сними во 2010 година за саундтракот на филмот „The Last Song“, а како звучи тоа можете да слушнете од текстуалниот видео запис горе.

Во март следната година, пејачката ќе ја започне својата неколкумесечна турнеја насловена „Dressed to Kill“, која ќе ги опфати сите поголеми градови во САД и Канада.



Врати се горе ↑