Свет The Rolling Stones

9 ноември, 2012

Нов сингл од Ролинг Стоунс

Легендарниот бенд Ролинг Стоунс го објавија нивниот втор сингл „One More Shot“ кој ќе се најде на компилацијата од хитови „Гррр!“, која наскоро ќе биде пуштена во продажба. Песната е снимена во Париз, а ја напишаа Мик Џегер и Кит Ричардс.

Популарните Стоунси оваа година обележуваат 50 години музичка кариера и после седум години пауза, повторно влегоа во студио и ги снимија песните „Doom and Gloom“ која беше промовирана неодамна и „One More Shot“. Преслушајте го вториот сингл на легендарниот бенд.

Извор: mondo.rs



Врати се горе ↑