Аудио rokbulevar1

4 септември, 2013

Нов сингл од Рок Булевар: Слушнете ја „Због тебе“

Под мотото „нема одмор“, белградската четворка Рок Булевар работи со полна пареа, како во студио, така и на полето на концертни активности. Нивниот нов албум насловен „Звук слободе“ се очекува во октомври, а веќе го најавија со сингловите „Вила“ и „Киша је падала“, за кој беше снимен и видео запис. Сега стигнува и третиот сингл од претстојното издание, а тоа е темата „Због тебе“.

„Новата автобиографска балада во симфо-рок стил со гудачки интрументи веќе наиде на добар прием, особено кај женскиот дел од публиката“ – вели Марко Видојевиќ, идејниот водач на групата, која во следните денови ќе има неколку концертни настапи во Белград. Како звучи новиот сингл можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑