Аудио omnia

20 октомври, 2013

Нов сингл од Омниа: Слушнете ја „Дај заборави“

Дуото составено од Дамир Пух и Наташа МихајловаОмниа деновиве го претстави својот нов сингл насловен „Дај заборави“. Темата која се снимаше во месец октомври е трет сингл за ова дуо кое на македонската музичка сцена е присутно од крајот на 2012 година, а ги наследи сингловите „Знам“ и „Залудно е“. Како и претходните теми, така и „Дај заборави“ е комплетно авторско дело на Наташа и Дамир, кои беа задолжени и за продукцијата на целиот материјал, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑