Аудио 1013000_10151544119323681_1227523185_n

25 јуни, 2013

Нов сингл од Мишел Вилијамс

2013-та очигледно е година на Дестинис Чајлд! Уште на почетокот на годинава, по пауза од осум години триото објави нова песна и албумска компилација од најголемите хитови, но и покрај бројните шпекулации за реформирање на групата, поранешните членки си продолжија со своите самостојни кариери. Како и другите две колешки, така и Мишел Вилијамс по пауза од пет години го најави нејзиниот четврт студиски албум, а деновиве пристигна и првиот сингл кој го најавува новото издание, чија продукција ќе ја потпише Хармони Семјуелс. Тој е автор и на поглемиот дел од материјалот на неодамна издадениот албум „Talk a Good Game“ на Кели Роланд, а како звучи новиот сингл на Мишел насловен „If We Had Your Eyes“ можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑