Аудио m5m

19 јуни, 2014

Нов сингл од Марун 5: Слушнете ја „Maps“

Американскиот инди-рок бенд Марун 5 неодамна го најави својот нов студиски албум насловен „V“ кој ќе пристигне на 2 септември. За новиот материјал момците од бендот соработуваат со продуцентите Макс Мартин, Бени Бланко, Рајан Тедер, Шелбек и Сем Мартин. По кратката пауза, клавијатуристот Џеси Кармајкл е повторно дел од бендот, кој покрај новиот сингл, потпиша договор со компанијата Live Nation и годинава планира да замине на голема промотивна турнеја, чии датуми и локации ќе бидат објавени наскоро.

Како прв сингл од новото издание деновиве беше претставена темата „Maps“, а како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑