Аудио leona-lewis

27 октомври, 2013

Нов сингл од Леона Луис: Слушнете ја „One More Sleep“

Победничката на британскиот X Factor во 2006 година, Леона Луис деновиве објави дел од својата нова песна. Како што веќе Ви пренесовме, пејачката неодамна ја доби и својата прва филмска улога, а го подготвува и нејзиниот четврт студиски албум. Имено, новото издание ќе биде божиќен албум инспириран од Мотаун (познатата издавачка куќа од Детроит која стои позади музиката на артисти како Дајана Рос, Марвин Геј, Мајкл Џексон, Џексон 5 и многу други), на кој ќе се најдат преработки на класици и оригинален материјал.

Од албумот кој ќе го носи насловот „Christmas, With Love“ и кој ќе биде објавен на 2-ри декември, Леона претстави дел од темата насловена „One More Sleep“, која официјално ќе биде издадена како сингл еден ден пред албумот, односно на 1-ви декември. Минута и половина од новата песна можете да слушнете во продолжение.

Комплетната верзија на песната (која веројатно „протече“) на ЈуТјуб ја поставија дел од фановите на Леона, а можете да ја слушнете овде.



Врати се горе ↑