Свет gaga

14 јули, 2013

Нов сингл од Лејди Гага во август

По кратката пауза, Лејди Гага конечно најави нови детали околу претстојниот албум „ARTPOP“, а вестите пристигнаа преку нејзината страница на Фејсбук. Имено, првиот сингл кој ќе го најави ова издание ќе пристигне на 19-ти август, а апликацијата и самиот албум кои се опишани како „музички и визуелен систем кој комбинира музика, уметност, мода и технологија со нова интерактивна глобална заедница“ ќе може однапред да се нарачаат од 1-ви септември, а официјално ќе бидат претставени на 11-ти ноември.

За претстојниот трет студиски албум кој ќе го наследи „Born This Way“ од 2011 година,  пејачката изјави дека подготвила околу 50 песни, а додека го очекуваме новиот сингл, да се потсетиме на нејзиниот хит „Bad Romance“.

 



Врати се горе ↑