Балкан

22 јули, 2018

Нов сингл од Јелена Розга: „Земам колку што ми даваш“

„Узмем колико ми даш“ е насловот на новиот сингл кој хрватската пејачка Јелена Розга деновиве го промовира заедно со ведра и позитивна екранизација. Станува збор за уште едно авторско дело на нејзините долгогодишни соработници Тончи и Вјекослава Хуљиќ, кои ги потпишуваат музиката и стиховите, а аранжманот го направи Лео Шкоро, додека видеото е во режија на Дарио Радусин.

„Подолго време сакав да отпеам песна што ќе има ведар дух и позитивна порака. Без кавги, прекинувања, овој пат – само љубов“, напиша русокосата ѕвезда претставувајќи ја новата песна, а како звучи и изгледа „Узмем колико ми даш“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑