Аудио 11258082_564214563717443_1698962912938902660_n

8 јуни, 2015

Нов сингл од Италијанецот што ја освои Велика Британија на „Х фактор“

Симпатичното момче Андреа Фаустини, кој својот сон за светска музичка кариера го започна со учеството и освоеното трето место во минатогодишната сезона на британскиот „Х фактор“, деновиве го објави својот прв сингл насловен „Give a Little Love“, најавувајќи го и првиот студиски албум „Kelly“, кој се очекува да биде објавен до крајот на годинава.

Андреа ги освои симпатиите на британската публика уште со првата аудиција, а продолжи да воодушевува и со секој следен настап пеејќи песни од моќни вокали како што се Мараја Кери, Витни Хјустон, Мајкл Џексон, Фреди Меркјури и други (неговите настапи на „Х фактор“ можете да ги прегледате овде). Иако постигна голем успех на „Х фактор“, Сајмон очигледно не бил заинтересиран да го земе под своја закрила, но затоа во февруари годинава Фаустини потпиша договор со издавачката куќа „Ар-си-еј“ (RCA), која издава албуми за ѕвезди како што се Џастин Тимберлејк, Бритни Спирс, Алиша Киз, Ашер, Питбул и други.

Како звучи првенчето на Андреа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

И.Ј.

 



Врати се горе ↑