Аудио hladno pivo

7 мај, 2013

Нов сингл од Хладно Пиво – „На овим просторима“

„На овим просторима“ е насловот на новата песна од хрватскиот панк-рок бенд Хладно Пиво. Пејачот на загребскиот состав, Миле Кекин изјавил дека песната ја напишал во еден здив: „Патувајќи на овие простори, воочив неверојатни сличности во менталитетот на луѓето, како што се да речеме љубовта, омразата, печеното месо и ’Кики’ бонбоните“ – истакнува Кекин.

Новиот сингл е замислен „како некој вид на визит карта на нашата татковина кога влегуваме во новата асоцијација на народите и народностите наречени ЕУ, само колку да не ни речат дека никој не им кажал со кој си фатиле работа“ – објаснил Миле, за оваа песна која не се најде на нивниот последен албум „Свијет гламура“, но претставува најава за една нова фаза во работата на овој бенд.

Неодамна дојде до промена во поставата на бендот, бидејќи по неодамнешното заминување на долгогодишниот член – трубачот Стипе Маџор Божиновиќ, составот повторно свири како четворка: пејачот Миле Кекин, гитаристот Зоран Субошиќ – Зоки, тапанарот Младен Субошиќ – Суба и басистот Крешимир Шокец – Шоки, во придружба на мултининструменталистот Миљко Киша.

На фестивалот Белград Колинг, кој ќе се одржи на 27-ми мај, Хладно Пиво ќе настапат како предгрупа на калифорнискиот состав Грин Деј. Во продолжение слушнете го новиот сингл „На овим просторима“.

 



Врати се горе ↑