4 ноември, 2013

Нов сингл од Ерос Рамацоти: Погледнете го „Io Prima Di Te“

Италијанскиот музичар Ерос Рамацоти деновиве го прослави својот 50-ти роденден и токму на тој ден (28-ми октомври) го претстави својот нов сингл, a темата насловена „Io Prima Di Te“ (шпанската верзија „Antes De Ti“) денеска го доби и своето видео издание. Оваа сосема нова песна ќе се најде на претстојното издание „Noi Due“, кое претставува специјална верзија од актуелниот албум „Noi“, кој Рамацоти го претстави минатата година. Албумот ќе биде издаден на 19-ти овој месец.

Италијанската верзија на новиот сингл можете да ја видите и слушнете горе, а онаа отпеана на шпански јазик долу.

 



Врати се горе ↑