26 јануари, 2014

Нов сингл од Бејби Блу: Погледнете го „Гдје смо сад“

Хрватскиот рок состав Бејби Блу кој домашната јавност го запозна преку учеството и победата на натрпеварот „Сонар“ на почетокот на 2013 година, во април минатата година дебитираше со синглот „Бјежим“, по кој следуваше темата „Провокације“. А сега, на самиот почеток од новата година, бендот засилен со уште еден нов член го објави својот трет сингл.

Станува збор за темата „Гдје смо сад“, која е комплетно авторско дела на момците од бендот, на кои им се придружи и клавијатуристот Доминик Жагмештер – Жуга, а за видео записот се погрижи екипата на „Скалпел Колектив“. Како звучи и изгледа сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑