Аудио agnetha-faltskog

15 јули, 2013

Нов сингл од Агнета Фалтског: Слушнете ја „Dance Your Pain Away“

Познатата шведска пејачка Агнета Фалтског (63) од легендарната група АББА уште во март го најави нејзиниот нов студиски албум „A“, а тоа го направи со баладата „When You Really Loved Someone“. Од десеттиот студиски албум (петти на англиски јазик) кој го претстави во мај, сега пристигна и нов „прв сингл“ за американскиот пазар, а песната „Dance Your Pain Away“ е денс нумера која ја потпишува Јорген Елофсон, додека за денс миксот беше задолжен Кахил (Cahill). Двете верзии можете да ги преслушате во продолжение.



Врати се горе ↑