29 април, 2014
Нов сингл од „Ту челос“: Погледнете го „Mombasa“
По барокниот видео запис за темата „Thunderstruck“, хрватските виртуози „Ту челос“ денеска го претставија својот нов сингл, нивна адаптација на темата „Mombasa“ која познатиот филмски композитор и продуцент Ханс Цимер ја направи за филмот „Inception“. Синглот доби едноставен црно-бел видео запис кој можете да го погледнете горе. Уживајте!