23 јули, 2014

Нов сингл на „Проект Орфеј“; Погледнете го „The Needle In My Eye“

„Проект Орфеј“ (ProjectOrpheus) e музички соло-проект на 21-годишниот музичар Давид Димовски, кој минатата година го претстави својот прв сингл The Ones Without A Name, забележувајќи голем успех, како на домашен, така и инатернационален план. Како втор сингл со кој го најавува претстојниот деби албум „Shaping The Static“, Димовски неодамна ја објави темата „The Needle In My Eye“, која деновиве доби и свое видео издание потпишано од Гоце Лалковски, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

„Основната инспирација околу иницијализацијата на проектот, кој веќе активно е во подем од минатата 2013 година, како и неговото име се потпираат на митот за Орфеј, кој извира од Старогрчката митологија“, изјави Давид. За дополнителни информации, новитети и вести во моментов можете да ги посетите ФејсбукTвитерГугл +СаундКлауд и РевербНејшн фан страните на Проект Орфеј, како и официјалната веб-страна www.projectorpheus.com, која моментално е под конструкција.



Врати се горе ↑