4 октомври, 2013

Нов сингл и видео запис од Пука Козметика

Македонските рап ветерани по подолго време со нова песна насловена „Џингл“. Песната е одговор на многу прашања поврзани со Токсикологија, можност за многу рапери кои комерцијализацијата на својот хип-хоп ја искористија преку нив и нивниот публицитет. Песната претставува тврдо рап парче, како гостин се појавува Непознатото од Штип-хоп, кој е и автор на музиката.

За аранжманот се погрижи Дамјан Глодарагз, додека за миксот и мастерингот АДД продукција. Текстот и видео приказната како и секогаш се дело на Пука козметика, режијата е на Дарко, а монтажа и постпродукција на Жарко. Снимател на видео записот е Ангел Ангеловски, а како продукција се потпишува Токсикологија мјузик. Во оваа соработка се појавува и диџеј Димитри Је Јаа. Погледнете го видеото во кое најавува поинтересни моменти за во иднина.



Врати се горе ↑