27 март, 2013

Нов сингл и видео запис од Лолобриџида

Од минатогодишниот албум „Пилула“ на хрватскиот состав Лолобриџида, по видео записот за насловната нумера доаѓа уште еден сингл. Станува збор за „пролетната“ нумера насловена „Стробоскоп“, за која деновиве беше претставен и видео запис кој го снимија самите членови со go pro камера на локации во Загреб, Белград и Мурска Собота. Уловени се и некои приватни моменти: пат на концерти, опуштање пред настап и сл. Свој придонес дале и нивните фанови кои и самите се снимиле и пратиле свои снимки за да бидат дел од видео записот.  Како тоа изгледа погледнете горе.

 



Врати се горе ↑