18 февруари, 2013

Нов сингл и видео запис од Крис Браун

Крис Браун деновиве го претстави неговиот прв сингл со кој го најавува шестиот по ред студиски албум насловен „Carpe Diem“, закажан за годинава. Станува збор за нумерата „Home“ која доаѓа заедно со видео запис. Одлично освежување од Браун, со оглед на тоа што во изминатиот период беше во центарот на вниманието поради нестабилната врска со Ријана, како и несогласувањата и тужбите со Дрејк, сообраќајната несреќа додека бегаше од папараците…

Видео записот вклучува и снимки од неговата светска турнеја, патувањата во Париз, Франкфурт и Амстердам, пробите позади сцената и во хотелската соба, како и бројните фанови. Погледнете како тоа звучи и изгледа.

Извор: Idolator



Врати се горе ↑