1 април, 2013

Нов сингл и видео запис од Крис Браун – „Fine China“

Како што пишува магазинот Idolator, Крис Браун во неодамнешните интервјуа тврдел дека е променет: „Кога бев толку млад, можам да кажам дека бев арогантен и дефинитивно тврдоглав“ – изјавил во интервјуто со Рајан Сикрест, во врска со инцидентот со Ријана во 2009 година. А во неговиот прв сингл од претстојниот албум „X“ (закажан за јули или август, годинава), насловен „Fine China“ Браун се труди да потврди дека пораснал и созреал.

Видео записот е своевидна модерна верзија на познатиот филм „West Side Story“, а се забележува и влијанието на неговиот идол Мајкл Џексон. „Во овој видео запис ќе ме видите како се грижам за девојката, се однесувам како џентлмен, покажувајќи една поинаква страна од мене. Знам дека мојата женска публика го забележува тоа“ – изјавил Браун за Billboard. Новиот сингл и видео запис можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑