7 октомври, 2013

Нов сингл и видео запис од Гери Барлоу: Погледнете го „Let Me Go“

Познатиот британски музичар, лидер на групата Тејк Дет и судија на британскиот X Factor, Гери Барлоу неодамна го најави неговиот трет студиски соло албум и прв по паузата 14 години, а изданието кое ќе го носи насловот „Since I Saw You Last“ ќе пристигне на 25-ти ноември. Првиот сингл е песната насловена „Let Me Go“, чиј видео запис кој се снимаше во Њујорк, беше претставен вчера. Како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.

Барлоу заедно со неговите колеги од Тејк Дет веројатно во јануари ќе започне со работа на новиот албум на групата, а насловите на песните од неговиот претстоен трет соло албум можете да ги видите во продолжение.

Since I Saw You Last 
1. Requiem
2. Let Me Go
3. Jump
4. Face To Face
5. God
6. Small Town Girls
7. 6th Avenue
8. We Like To Love
9. Since I Saw You Last
10. This House
11. Dying Inside
12. More Than Life
Deluxe Edition tracks:
13. Mr Everything
14. Actress
15. The Song I’ll Never Write



Врати се горе ↑