24 септември, 2013

Нов сингл и видео запис од Џејмс Артур

Откако направи бум со преработката на хитот „Impossible“, оригинално отпеана од Шонтел во 2010 година (на македонски начин ја отпеа и Мики Секуловски), победникот на минатогодишното издание на британскиот „X Factor“, 25-годишниот Џејмс Артур неодамна го претстави својот прв оригинален сингл насловен „You’re Nobody ’Til Somebody Loves You“, за кој деновиве стигна и видео запис. Новиот сингл кој е втор по ред за овој млад и надежен музичар, беше издаден на 9-ти овој месец за британскиот пазар, а ширум светот ќе биде достапен од 20-ти октомври.

Со овој сингл Артур го најавува и својот деби студиски албум, а изданието насловено едноставно „James Arthur“ е закажано за 4-ти ноември. Визуализацијата на новата песна можете да ја погледнете горе.



Врати се горе ↑