15 октомври, 2013

Нов сингл и видео запис на македонскиот бенд „Протагонист“

Македонскиот бенд кој ја доби титулата наследник на „Депеш мод, „Протагонист (The Protagonist) деновиве го претстави својот нов сингл насловен „Atom From The Sun“, кој стигна заедно со видео запис и кој ќе се најде на претстојнот албум „No Exit Museum“ закажан за следната 2014 година. И песната и видеото се дело на бендот, а мастерингот повторно го направи англискиот инжињер на звук Сајмон Хејворт (соработувал со Ник Кејв, Џорџ Харисон, Енио Мориконе, Симпл Мајндс, како и Депеш Мод).

Бендот составен од Р.С. Раш (вокали, гитара), Кузман (гитари, клавијатури) и Едмонд (синтисајзери, лајв компјутери), во моментов е во преговори со неколку издавачки куќи, а се подготвува и за настапи во живо. „Atom From The Sun“ можете да го видите и слушнете горе.



Врати се горе ↑