Македонија 2007211329-11-620x350

2 февруари, 2013

Нов сингл и концертни промоции на Бернајс Пропаганда

Македонскиот пост-панк бенд Бернајс Пропаганда неодамна со „Погрешно знаме“ го најави својот трет албум насловен „Забранета планета“а деновиве беше објавен и вториот сингл од ова издание, нумерата „Бар култура“.

Албумот ќе се појави на 26-ти февруари на винил и компакт диск, а во март и на касета. На 15-ти февруари бендот одлучи албумот да го даде на бесплатно симнување преку својот bandcamp профил. Во продолжение преслушајте ја „Бар култура“, а во мп3 верзија можете да ја симнете на следниот линк.

 

Новото издание ќе биде промовирано и со концерти во Македонија, Хрватска и Словенија. Првата промоција е закажана за 1-ви март во МКЦ во Скопје, а следниот ден, на 2-ри март битолчани ќе имаат можност да го чујат новиот материјал во Центарот за култура во Битола. Потоа следуваат и промоциите во Винковци, Љубљана и Забок, а од 14-ти март до 19-ти мај ќе одржат и европска турнеја.

Извор и фото: facebook.com/bernayspropaganda



Врати се горе ↑