Македонија охридски-трубадури-34

2 септември, 2013

Нов сингл и две награди за Боби Мојсоски на Охрид Фест 2013

На овогодишното јубилејно издание на Охридски трубадури (Охрид Фест 2013), во поп вечерта на фестивалот, 21-годишниот Боби Мојсоски се закити со две награди: Награда за најдобар сценски настап и трето место од публика. Пред својата публика Боби се претстави со нов сингл насловен  „Лавина“, чиј текст е на Миодраг Врчаковски, музикта ја направи Хрис Марин, а аранжманот Владимир Дојчиновски.

„Ми претставуваше огромно задоволство да настапам на овој реномиран фестивал пред мојата, домашна публика. Се чувствував прекрасно на сцената и задоволен сум поради освоените награди. Се надевам дека „Лавина“ ќе ѝ се допадне на публиката која наскоро може да очекува уште нешто ново од мене“ – изјавува Боби.

На „Охрид Фест 2013“ Мојсоски настапи и на интернационалната вечер, каде што се пласирашена на петтото место од конечната листа. Во продолжение погледнете ја изведбата на „Лавина“, а потоа слушнете ја и студиската снимка.

 

 



Врати се горе ↑