Свет ts

29 декември, 2014

Нов рекорд за Тејлор Свифт

Никој пред Тејлор Свифт не успеа да остане на врвот на Билбордовата листа за 100 најдобри уметници 10 недели со ред! „Billboard Artist 100“ е лансирана во јули годинава, а оваа нова листа го следи успехот на изведувачите на сите главни Билборд листи во САД, меѓу кои се и листата на синглови (Hot 100) и албуми (Top Album Sales и Billboard 200). По 25 недели постоење на оваа листа, Тејлор Свифт е прва со двоцифрен резултат на врвот; од 25 можни недели, пејачката на врвот помина 10.

Втора е Ники Минаж, чиј нов албум „The PinkPrint“ беше објавен на 15 декември, додека меѓу најдобрите пет се најдоа и Ед Ширан, „Пентатоникс“ и Сем Смит. Откако е основана оваа листа, според вкупниот број недели поминати на врвот (3), Сем Смит е на второто место, додека Аријана Гранде и „Марун 5“ го делат третото место со по две недели на самиот број 1.

Свифт минатата недела стана и првата (и засега единствената) музичарка со платинест тираж во 2014 година, благодарение на албумот „1989“. Изданието само во САД во првата недела беше продадено во 1,2 милиони примероци, што е најголема продажба уште од албумот „The Eminem Show“, кој Еминем го објави во 2002 година.

 Извор: NME преку MTV



Врати се горе ↑