Свет 130418_rs_daftpunk_b

15 септември, 2013

Нов рекорд за Дафт Панк

Најпозната страна за купување и продажба – Аmazon.com годинава бележи пораст од 100 % на продажбата на музички изданија на винил, а најпродаваната плоча од британската секција во историјата на оваа страна е актуелниот албум на француското електро дуо Дафт Панк, изданието „Random Access Memories“. До сега оваа позиција беше резервирана за Адел и нејзиното издание „21“, а одлична продажба бележи и „Back To Black“ од Ејми Вајнхаус, како и класиците „The Rise & Fall of Ziggy Stardust & Spiders from Mars“ од Дејвид Боуви и „Dark Side of the Moon“ од групата Пинк Флојд.

Продажбата на винил е во пораст од 2006 година, а омилениот жанр на купувачите е рок, бидејќи најмногу се бараат изданија на изведувачи како што се Битлси, Дејвид Боуви, Рејдиохед и Арктик Манкис.

 



Врати се горе ↑