Видео

17 јануари, 2017

Нов проект на „Дипломатик бенд“ и „Томато“ со многу музика

Музичкиот состав „Дипломатик бенд“ ја промовираше својата најнова видео колекција сочинета од 17 преработени македонски народни евергрини, но и регионални песни со видеозаписи целосно реализирани од продукцијата „Томато“.

Меѓу видеата во изведба на момците од „Дипломатик“, јавноста има можност да ги чуе легендарните „Ах ах Ана“, „Ако бевме заедно“, „Отвори го пенџерето“, „Дојди ми Лено на перниче бело“, „Дајте ми ја Бисера“, но и мегапопуларните регионални хитови како „Живим да те волим“ од Саша Ковачевиќ, „Живиш у облацима мала“ од Здравко Чолиќ,  „Луцкаста си ти“ од Мирослав Илиќ, „Доџеш ми у сан“ од Пеџа Меденица и многу други.

diplomatik-bend2

„Дипломатик бенд“ зад себе има огромен број на свирки и настапи ширум цела Македонија. Музичкиот состав се состои од 5 искусни музичари: Петар (саксофон и кларинет), Стефан (клавијатури и вокал), Алек (гитара и вокал), Горан (тапани) и Славе (хармоника и клавијатури).

Во продолжение слушнете ја „Дајте ми ја Бисера“ во изведба на „Дипломатик бенд“, а сите останати видеа можете да ги погледнете на нивниот официјален канал на Јутјуб.



Врати се горе ↑