Аудио donnie-pixel-igor-mitrovikj

7 април, 2014

Нов летен хит од Игор Митровиќ алијас Дони Пиксел

Иако сè уште е рано за летото, Игор Митровиќ заедно со Александар Масевски, деновиве го претставија новиот летен хит кој сигурно ќе ја одбележи претстојната сезона. Станува збор за темата насловена „The Summer’s Not Over“ која е отпеана на англиски јазик, а со новата песна Митровиќ доби и ново име Дони Пиксел (Donnie Pixel), додека Масевски, кој се потпишува како автор и продуцент, стана Сашо Мејс (Sasho Mase). Причината за оваа промена на имињата е во случај песната да си најде свое место на светската сцена, односно надвор од поранешните југословенски простори, а како звучи новиот летен хит можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Жарко Чулиќ

 



Врати се горе ↑