30 јуни, 2014

Нов летен хит на Димитар Андоновски: Погледнете го „Само тоа го можеш ти“

По одличната промоција на деби албумот на  Димитар Андоновски, „Ова небо знае сè“, која се одржа минатата недела и на која беше присутна скоро цела македонска естрада, неговите колеги и соработници, денеска пристигна и новиот летен хит. Станува збор за темата „Само тоа го можеш ти“, која е дело на Лазар Цветкоски (музика и аранжман) и Магдалена Цветкоска (текст) и чиј видео запис се снимаше пред неколку дена на различни локации и има навистина итересна приказна, па останува на публиката да процени дали ќе ѝ се допадне.

Видео записот на Димитар е со поддршка на „Министерство за култура на Република Македонија и „Македонска Радио и Телевизија“ преку законот за субвенции. Како режисер на видео записот се потпишува Огнен Шапковски, асистент Ладислав Кинг, а директор на фотографија Кристијан Теодоров, сето тоа во реализација и продукција на Горила Филм.

Од Горила продукција изјавија дека Димитар го чека работно напорно лето исполнето со многу настапи пред публиката која сака да ја слуша неговата музиката.



Врати се горе ↑