19 февруари, 2016

Нов, холивудски видео запис од Бајага

Лос Анџелес и Холовуд се покажаа како идеална сценографија за новиот видео запис за песната „Кад месец проспе реком сребра сјај“, која Момчило Бајагиќ-Бајага ја изведува со блуз бендот „Поинт бленк“ и легендарниот гитарист Драги Јелиќ. 

„Ова можеби е единствениот спот во мојата кариера во кој не се појавувам. Всушност, не се појавува никој од музичарите што ја снимаа оваа песна. Гледајќи го снимениот материјал од Лос Анџелес, дојдовме до заклучок дека имаме преубави кадри кои доволно зборуваат сами за себе“, вели Бајага.

Дневниот дел од видео записот „Кад месец проспе реком сребра сјај“ го сочинуваат и кадри од скејт парк и од плажата „Венис бич“, арт деко и необарокните згради на улицата „Бродвеј“ и возење на улицата „Малхоланд драјв“, а ноќниот дел ја прикажува современата архитектура во центарот на Лос Анџелес и возењето низ Холивуд.

Главната улога во оваа екранизација, која е во продукција на „Лонг плеј“, се појавува манекенката Зорана Аџиќ, некогашна репрезентативка на Србија во атлетика, која последниве години работи во САД, а поголемиот дел кадри изработени во техниката „тајмлепс“ (timelaps) ги направи Драгослав Улиќ-Даг.



Врати се горе ↑