Аудио 4577-108993_600

15 февруари, 2013

Нов хит од Floorpunk & Sue Cho

Line Up Records Ви го претставува новиот хит на Флорпанк насловен „For the Luv“, вокална нумера која е во соработка со Сју Чо, а ремикс верзијата ја направи Рубен Андресон. Понеделник, 25-ти февруари е датата на која  оваа нумера ќе биде објавена на највлијателните топ листи за електронска музика.

Помина повеќе од една година откако можевме да слушнеме нешто од овој артист, а тоа беше ремиксот на „Thinking of you“. Сју Чо, чиј вокал дополнително ја разубавува оваа нумера, веќе соработувала со дел од најпознатите светски диџеи, меѓу кои и Тиесто, Роби Ривера, Лејзи Рич, Портер Робинсон и други. Таа исто така учествуваше во „deadmau5“ турнејата в0 2011 година, каде што се појави како вокалист во повеќе песни: „Shiny Disco Balls“,  „Hello“, „Yours Tonight“, „We Showed Em“, „More Than Words“

„For the Luv“ вклучува и ремикс верзија од парижанецот Рубен Андерсон, кој е доста надежен во областа на француската електронска музика, докажувајќи го тоа со одлични сетови во Париз, Кан и Барселона. Двете верзии на оваа нумера можете да ги чуете и да ги симнете на следниот линк.



Врати се горе ↑