Свет

27 јуни, 2016

Нов документарен филм за „Битлси“

Оскаровецот Рон Хауард го режираше новиот документарец за култниот британски рок состав „Битлси“, што треба да излезе во септември годинава. Филмот е насловен „The Beatles: Eight Days a Week – The Touring Years“ што веднаш укажува и на темата опфатена во филмот, а се однесува на детали и приказни за време на турнеите на легендарната четворка, од нивните почетоци и локалните настапи во Ливерпул до импозантните настапи на светските сцени.

Како соговорници во филмот се појавуваат и едната половина од „Битлси“, Пол Макартни и Ринго Стар, како и Јоко Оно и Оливија Харисон. Во филмот се вклучени концертни снимки од бендот, а најголемиот фокус ќе биде ставен на почетокот на кариерата и нивната најголема слава. Ќе биде и спомнато нивното гостување во шоуто на Ед Саливан пред 50 години, кое им донело светска слава.

Неколку месеци по настапот на ова шоу, „Битлси“ тргнале на својата прва светска турнеја, која завршила во 1966 година на која настапиле во 90 градови низ светот и направиле 166 концерти.



Врати се горе ↑