Аудио front

30 декември, 2014

Нов албум за љубителите на алтернативната рок музика

Независната издавачка куќа „Блек планет рекордс“ (Black Planet RecordsВи претставува ново издание, кое воедно е и последно за годинава. Станува збор за првиот соло студиски албум на Братислав Проловиќ, гитаристот на бендот „Стиптик“ (Styptic), под името „Pyrn“ – фузија на разни алтернативни жанрови, одлично спакувано доживување, совршено за контемплација во овие ладни денови.

Албумот е снимен во студиото „Девоушн“ (Devotion), под продуцентската палка на Марко Живановиќ, додека Проловиќ ги потпишува и реализира музиката, текстовите и вокалите на овој мини албум. Љубителите на алтернативниот рок не смеат да го пропуштат ова издание, кое можете да го преслушате и преземете од „Бендкемп“ страницата на издавачот.



Врати се горе ↑