Македонија 486847_444558712300372_2071797338_n

8 мај, 2013

Нов албум од Васил Хаџиманов бенд

Васил Хаџиманов бенд го објави петтиот студиски албум насловен „Can You Dig It“, кој за рекордни четири денови е снимен во Мостар. Албумот содржи десет песни, од кои осум се авторски, една е македонската народна песна „Марика, мома убава“ и обработка на песната на Џон Скофилд „What it is“.

За песната „Country and Western“ снимен е интересен спот, во духот на каубојските филмови. Музичарите наликуваат на јунаците од Дивиот запад, придружени од атрактивни девојки кои ги претставуваат лесните жени од крајот на преријата.



Врати се горе ↑