Свет 3380597_640px

1 декември, 2012

Нов албум од Тејк Дет во 2013

Членовите на британскиот бенд Тејк Дет (Take That) се подготвени повторно да се вратат на сцената и планираат да снимат нов албум во 2013 година.

„Следната година ќе снимаме нов албум, а годината потоа се надевам дека ќе заминеме на турнеја. Чувствуваме дека сме подготвени за нов студиски албум. Сите сакавме да паузираме годинава, а сега сите едвај чекаме да се вратиме во студиото во февруари. Така што до крајот на идната година се надеваме дека ќе издадеме нов албум, а годината потоа да заминеме на турнеја“ – изјави Гери Барлоу.

Тој открива дека идната година треба да го очекуваме соло албумот на Марк Овен. Сè уште не се знае дали кон поставата ќе се приклучи Роби Вилијамс.



Врати се горе ↑