Свет Grinderman-fotka

29 ноември, 2012

Нов албум од Ник Кејв и неговиот бенд

Музичарот Ник Кејв и неговиот бенд „The Bad Seeds“ ќе го објават нивниот петнаесетти по ред студиски албум насловен „Push The Sky Away“ во февруари следната година. Албумот е снимен во замок на југот на Франција, а за настанувањето на песните  Кејв изјавил: „Најчесто влегувам во студио со неразработени идеи, а потоа момците од Бед Сидс ги претвораат во прекрасни нешта. Не постои подобар бенд на планетата кој има почист инстинкт и е во состојба секогаш да измислува нови нешта“. 

По заминувањето на Мик Харви од бендот во јануари 2009 година, сегашната постава ја сочинуваат мултиинструменталистот Ворен Елис, Мартин Кејси – бас, Томас Вајдлер – тапани, Џим Склавунос – перкусии и Конвеј Севиџ – пратечки вокал. Првиот сингл кој ќе го најави албумот е нумерата „We No Who U R“, а ќе биде достапен за симнување на 3-ти декември.

Нумерите кои ќе се најдат на албумот се следните:

  1. We No Who U R
  2. Wide Lovely Eyes
  3. Water’s Edge
  4. Jubilee Street
  5. Mermaids
  6. We Real Cool
  7. Finishing Jubilee Street
  8. Higgs Boson Blues
  9. Push The Sky Away

Во продолжение погледнете ја атмосферата во студиото за време на снимањето на материјалот.

Извор: mtv.rs

 



Врати се горе ↑