Аудио мј

7 септември, 2017

Нов албум од Мајкл Џексон

На 29 септември, „Епик рекордс“ во соработка со Имотот на Мајкл Џексон ќе објави нов албум од легендарниот музичар, соопштија од тимот на покојната ѕвезда. Станува збор за колекција од 13 од неговите најголеми денс хитови, како што се „Ghosts“, „Torture“, „Thriller“ и „Dirty Diana“, а изданието насловено „SCREAМ“ ќе содржи и една новосоздадена бонус песна „Blood on the Dance Floor X Dangerous“ (аудио подолу), микс од повеќе песни што го направи „Уајт панда“ (White Panda).

Изборот на песни ја отсликува љубовта на Џексон за овој период од годината и темите со костими и маски, светлина и мрак, трансформации и изненадувања. Албумот ќе биде достапен во два физички формати, на цеде и флуоресцентен винил (од 27 октомври), секој од нив со уникатен постер. Соодветно, постерот и обвивката се изработени како „зголемена реалност“, креирани специјално за овој проект.

Секоја песна на „SCREAM“ е исклучителна на свој начин. На пример, „Dirty Diana“ беше петтиот последователен број 1 сингл од албумот „Bad“, соборувајќи го дотогашниот рекорд на број 1 синглови од еден албум, а култниот „Thriller“, потпишан од Род Темпертон, беше седмиот од дотогаш невидените седум топ 10 синглови од истоимениот албум, додека насловната „Scream“ е единствениот дует со неговата сестра Џенет Џексон. По барање на обожавателите, вклучени се и омилените „Torture“ и „This Place Hotel (првиот сингл напишан, компониран и аранжиран само од Мајкл), а за првпат на албум од Мајкл Џексон ќе се најде и мегахитот од 1985 година на Роквел, „Somebody’s Watching Me“.

За верните обожаватели на Мајкл Џексон, неговиот тим ќе организира и бројни прослави во шест поголеми градови ширум светот: Париз, Лондон, Сиднеј, Берлин, Лос Анџелес и Токио. На настаните ќе бидат прикажани седум кратки филмови (музички видеа) од албумот, вклучувајќи го и 40-минутниот Michael Jackson’s Ghosts, кој ретко се прикажувал после премиерата на Канскиот фестивал во 1997 година.

170906_mj_scream_cover

 

Песни на албумот „SCREAM“:
1. This Place Hotel
2. Thriller
3. Blood On The Dance Floor
4. Somebody’s Watching Me
5. Dirty Diana
6. Torture
7. Leave Me Alone
8. Scream
9. Dangerous
10. Unbreakable
11. Xscape
12. Threatened
13. Ghosts
Бонус песна: Blood On The Dance Floor X Dangerous (The White Panda Mash-Up)

Само за потсетување, на годинешното издание на филмскиот фестивал во Венеција премиерно беше прикажана и новата 3д верзија на легендарниот „Thriller, чија северно-американска премиера ќе се случи во рамките на Меѓунаротниот филмски фестивал во Торонто, Канада, кој се одржува од 7 до 17 септември. Сè уште нема информации дали и кога ќе се прикажува во кината ширум светот, но се надеваме дека ќе дознаеме наскоро.

Извор и фотографии: michaeljackson.com



Врати се горе ↑