Балкан GarryGimp2

30 септември, 2013

Нов албум од Гимп кон средината на ноември

Групата Гимп, англискиот музичар Гери Бргман (Garry Burgman) и неколку познати инструменталисти од Србија, кон средината на месец ноември ќе објават ново студиско издание. Гери може да се опише како рокенрол номад од англискиот град Брајтон, кој целиот свој живот го посветил на музиката. Свирел и творел во голем број состави (Д Причрмен, Лонг Тол, Тексанс, Елиен Инвејжн Флит…), вклучувајќи го и Гимп на кој, како што вели, е најмногу концентриран.

Составот Гимп во 2006 година го објави албумот „El Kajon to Kalenić“, од кој поголемиот дел го сними во Србија, а дел во Англија и Калифорнија. Покрај Гери, кој свири на гитара и пее, учествуваа и бројни музичари од целиот свет, а најголемиот дел го отсвирија Мирослав Бабиќ, ЈБ и Јован Шатриќ, со голем придонес од продуцентот Саша Јанковиќ, еден од најценетите продуценти на овие простори и во чија биографија е запишана соработката и со светски познатите Д Кјур, Назарет, Пол Велер и тн.

Во подготовка е новото издание на кое ќе се најде двоцифрен број на песни, а кое ќе излезе кон средината на ноември под името „The Eternal Truths of Dr Hook“. Албумот го најавува синглот „Question Everything“, кој можете да го слушнете во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑