Балкан Ti_Fotograf Branko Starcevic_2

24 март, 2014

Нов албум од дуото „Ти“

Љубителите на музиката од белградското дуо „ влегуваат во ново годишно време со нов албум. Со првите денови од пролетта стигна и долгоочекуваното дигитално издание насловено „Видимо се!“, составено од 9 топли песни кои со секој такт влеваат позитивна енергија кај слушателот и креираат пријатна атмосфера. Како и претходното издание, новиот албум изобилува со заразни мелодии отсвирени од гитарата на Илија Дуни, пријатни бас делови, едноставни текстови и ритми кои Трајче Николовски ги „диктира“ со електронските тапани.

Новото издание на групата „Ти“ е достапно за бесплатно симнување од Бендкемп страната на бендот.

Во текот на минатата година групата „Ти“ ги освои срцата на љубителите на домашниот звук, подготвени за запознавање на нови димезии во кои нè водат Илија и Трајче, Македонци кои својот креативен потенцијал го здружија благодарение на случајна средба во 2012 година. За само година дена имаат одржано повеќе од 30 концерти и ја маѓепсаа публиката ширум регионот, што најдобро може да се види од коментарите за нивните настапи:

„Како да е Роџер Мегвин од Д Брдс, бидејќи ја отсвири ‘Eight Mles High’ од албумот ‘Untitled’, допатувал низ просторот и времето со сите свои Рикенбакер гитари“ – Жикица Симиќ;

„Ова енергично дуо покажа дека двајца одлични музичари можат да зрачат како и цел бенд“ – Helly Cherry магазин;

„Илија пее и свири на гитара во транс, а вистинско уживање е да се гледа како Трајче ужива додека свири со насмевка развлечена од уво до уво.“ Terapija.net 

 

Групата Ти концертно ќе го промовира новиот албум во Домот на млади во Белград во петок, 11-ти април, а се надеваме дека наскоро ќе имаме можност да ги слушнеме и во Македонија.

 



Врати се горе ↑