Свет photo_1987587_resize

11 декември, 2012

Нов албум од Дип Парпл во април

Пејачот Иан Гилан за магазинот Classic Rock открил дека деветнаесеттиот по ред студиски албум на составот Дип Парпл (Deep Purple) ќе излезе во април следната година. Продуцент е Боб Езрин, кој веќе има работено со изведувачите Кис, Пинк Флојд, Питер Габриел, Алис Купер и Канзас, а албумот ќе содржи 13 нумери, од кои веќе се познати „Out Of Hand“, „Hell To Play“, „Weirdistan“, „Uncommon Man“ и „Above And Beyond“. Оваа последната е посветена на починатиот член на овој состав Џон Лорд, кој почина во јули годинава.

Насловот на албумот сè уште не е познат, членовите на бендот сè уште размислуваат за тоа. Во продолжение да се потсетиме на нивниот голем хит „Smoke On The Water“.

Извор: Balcanrock



Врати се горе ↑