Концерт nouvelle_vague

18 октомври, 2012

Nouvelle Vague на Таксират промо концерт

ТАКСИРАТ 14 со задоволство ви го најавува Таксират промо концертот на арт-групата NOUVELLE VAGUE во Скопје, како дел од годинашната off-програма на фестивалот. Боса нова бендот кој се прослави со обработките на панк и рок класици, на 27ми ноември 2012, ќе одржи ексклузивен арт-концерт во клуб „Колосеум“ во Скопје.

Последната средба на македонската публика со Nouvelle Vague беше во 2010та година, кога настапија пред неколку илјади обожаватели и приредија вистински арт перформанс за магична концертна вечер. Годинава, увертира за Таксират 14 ќе биде токму неодоливиот шарм на Nouvelle Vague, кој ветува сензуална француска арт-вечер. Во клуб „Колосеум“, на 27ми ноември, француската музичка атракција предводена од Марк Колин во поддршка на сензуалните вокали на двете атрактивни пејачки Мелани Пен и Лисет Але, на скопската публика ќе и го претстават своето ново шоу, во чии рамки ќе го промовира новиот сценско-визуелен настап, омилениот хит-репертоар на нивните фанови и дел од новите песни на бендот.

Концертот на Nouvelle Vague ќе биде лимитирани на само 1500 влезници, кои ќе бидат достапни во претпродажба од среда (25ти октомври 2012) во продажната мрежа на МКтикетс. Цената на билетите во претпродажба е 300 денари, сѐ до денот на концертот кога нивната цена ќе биде 400 денари. Во претпродажба ќе бидат достапни и ВИП влезници со цена од 500 денари.



Врати се горе ↑