Настани 64caba82-f9fc-43df-9bb1-43ffa1f8bfc7

23 јуни, 2015

„Ноу слип Нови Сад“: Комплетирана е програмата за втората најголема електронска бина на „Егзит“!

Втората по големина електронска бина на фестивалот „Егзит“ и омилената оаза на најквалитетниот алтернативен хаус, техно и бас звук, оваа година има ново име и порака: „Ноу слип Нови Сад“ (No Sleep Novi Sad)! Сместена зад Денс Арена, на истото место како и претходните години, кога го носеше името „ХепиНовиСад“ (HappyNoviSad), бината „Ноу слип Нови Сад“ оваа година се реализира во соработка со интернационално познатите клубови 20/44 и „Драгстор“ (Drugstore) од Белград, како и со регионалниот електронски магазин „УЕСмаг“ (UESmag.com) и веќе традиционално со култниот портал „Хепиновисад“ (Happynovisad.com) кој оваа година ги брани боите на градот домаќин, бессониот за време на Егзит – Нови Сад. Овогодишната програма е комплетирана, а ја предводат Скот Фрејзер (Scott Fraser), Клокворк Аватизм Лајв (Clockwork & Avatism Live), Бас Мој (Bas Mooy), Чарлтон Лајв (Charlton Live), Ре:Аксис (Re:Axis), Рејдиал (Radial), Слипаркајв Лајв (Sleeparchive Live), БОП Абстракт Елементс (BOP Abstract Elements) и како специјален гостин, ѕвездата од главната бина „Енеи“ (Enei), со специјалниот сет на ретките драмендбејс класики! Поддршка на програмата ќе бидат некои од најквалитетните колективи од домашната сцена како што се „Диско нот диско“ (Disco Not Disco), „Бијонд хаус“ (Beyond House), „Паблик пи“ (Public P),„Хир ит, фил ит, мув ит“ (Hear It. Feel It. Move It), „Метнем“ (Metnem), „Бејслајн“(Bassline) и „Мистик стајлз“ (Mystic Stylez)Гости на бината „Ноу слип Нови Сад“ од регионот се „Форсек“ (Forsek) од Унгарија, „Форест пипл“ (Forest People) од БиХ, „Хај рол“ (High Roll) од Бугарија и „Еларит“ (Elarith) од Романија, додека плеадата домашни изведувачи ја сочинуваат „Швабе“ (Schwabe), Брка (Brka), Витанов, Дамир Зекири, Огњем, Тошке, Тека (Techa)Клаус, Михајло ХФМ (Mihajlo HFM), Слокс (Sloxxx), Убивае, Лаг, Скаламерија,А//О & кир Лајв (A//O & kӣr Live), Филип Ксави (Filip Xavi)Стив Виспер (Steve Whisper), Моносакхарид (Monosaccharide)Џеки Дагер (Jackie Dagger)Филип Пи (Phillie P), Кодекс & Кастиљас МС (Codex & Kastiljas MC), Рахмани (Rahmanee), Сензор (Senzzor), Оки (Okee) и Сабвју (Subview).

Чест да го започне овогодишниот погон на „Ноу слип Нови Сад“ бината во четврток, 9 јули ќе има белградскиот клуб „20/44 со две диџеј асоцијации, хаус иконата Диско Нот Диско (Disco Not Disco) и нивниот легитимен наследник Бијонд Хаус (Beyond House), чиј специјален гостин ќе биде шкотскиот хаус доајен Скот Фрејзер (Scott Fraser). Искусниот продуцент се разви во плодниот Глазгов, но со преселувањето во Лондон стана неразделен соработник на Ендру Ведерол (Andrew Weatherall) и Тим Ферплеј (Tim Fairplay), со кои и денес ја води издавачката куќа и истоимените журки  „Крајмс оф д фјучр“ (Crimes of the Future), кои важат за престижни на клупската сцена на британската престолнина.

Во петок, 10 јули, во рамките на Public P вечерта која ја претставува UESmag.com, апсолутни ѕвезди се CW/A,„live“ дуото кое го чинат долгогодишните соработници и исклучително ценетите продуценти „Клокворк“ и „Аватизм“. Прв пат овој проект беше претставен на СОНАР фестивалот во 2013 година, како верзија во живо на нивните албуми „Adamant“ (Vakant) и „B.O.A.T.S“ (Life And Death) од истата година. Нивните настапи во живо се свежо видување на модерната техно музика, внимателно одбрана и звучно беспрекорна, со слоевит звук на аналогните ритам машини, синтови и ефекти. Водечкиот португалски техно продуцент Re:Axis е сопственик на етикетата „Monocline“, а објавува и за „Planet Rhythm“, додека неговите изданија редовно ги вртат Ben Klock, DVS1, Tale Of Us, Dasha Rush, Scuba, Truncate и многу други.

Фамозната издавачка куќа MORD во рамките на Drugstore вечерта во сабота 11 јули, ги испраќа своите најголеми адути, а нив ги предводи Bas Mooy, еден од главните претставници на холандскиот техно звук. Ротердамскиот продуцент Чарлтон (Charlton) на Егзит доаѓа со настап во живо базиран на техното од деведесттите, а препознатлив е по нумерите „Chaotic Behavior“, „Vulnerable“ и „Black Shlong“. Sleeparchive веќе со години е еден од предводниците на берлинскиот минималистички звук, а по глобалниот хит „Elephant Island“ редовно објавува за Tresor и MORD. Radial е уште еден од претставниците на холандскиот техно звук кој ја води легендарната етикета Audio Assault, препознатлив по four-to-the-floor изданијата како „Storm Tide“ нумерата, но и  offbeat креациите како „1980“, „Boks“, „Keychain“. На оваа екипа се придружува и единствениот српски изведувач од славната MORD етикета, новосадскиот продуцент Lag познат по offbeat tehno нумерите „Sama Doma“ и „Kontrola“.

Недела, 12 јули, е вечер резервирана за уште една програмска осовина на релација Нови Сад – Белград во рамките на Extra Bass вечерта која заедно ја водат асоцијациите Bassline и Metnem со поддршка на Mystic Styles, а под патронат на онлајн магазинот Happynovisad.com. Ѕвезди на финалната ноќ се бас продуцентот во подем Bop (Abstract Elements) и неговиот славен колега Enei, двајцата од Санкт Петербург, а објавуваат за водечките етикети Hospital, Critical, KOS.MOS, Med School и Exit Records. Покрај нив, тука се High Roll од Бугарија и Elarith од Романија.

Во продажба се достапни и еднодневните влезници за „Егзит“ фестивал по цена од 1.520 денари за секој ден поединечно. Овие и фестивалските влезниците за „Егзит“ (3.599 ден.), „Си денс“ (2.550 ден.) и целата „Егзит“ Авантура (4.299 ден.) се продаваат во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат) и преку www.mktickets.mk. На www.exittrip.org  се продаваат и пакетите кои содржат хостелско и хотелско сместување за вистниско фестивалско летување од 7 до 20 јули, од тврдината до песочната плажа, а кои почнуваат со цена од 99 евра!



Врати се горе ↑