Свет 365984-gangnam-style

21 декември, 2012

Нострадамус бил во право, „Гангнам Стајл“ достигна милјарда прегледи

Можеби е само коинциденција, но денеска 21-ви декември 2012 година е денот кога „на разиграниот коњ бројот на кругови ќе биде девет девет“, односно популарниот мегахит „Гангнам Стајл“ не само што достигна милјарда прегледи (9 нули) туку и ги надмина. Во моментов овој видео клип е прегледан 1,002,046,450 пати. Барем во овој поглед Нострадамус бил во право.

Како и да е, го преживеавме „крајот на светот“, а сега можеме уште еднаш да се потсетиме на големиот хит кој ја одбележа оваа 2012 година.

 



Врати се горе ↑