Свет norah-jones

30 јануари, 2013

Нора Џонс ќе настапи на Оскарите

Песната од филмот „Тед“„Everybody Needs A Best Friend“, Нора Џонс ќе ја изведе на годинешното доделување на Оскарите, кои ќе се одржи на 24-ти февруари. Пејачката се согласила да ја сними оваа песна и да се појави во филмот на нејзиниот пријател Сет МекФарлан, кој годинава ќе се појави и во улога на водител на Оскарите.

Покрај Џонс, на доделувањето ќе настапи и Адел, која ќе ја изведе насловната нумера на филмот „Skyfall“. Двете песни се номинирани во категоријата Надобра оригинална песна, а покрај нив во конкуренција се и песните од филмовите „Les Misérables“,  „Life of Pi“ и „Chasing Ice“.

 



Врати се горе ↑